Во стан во Скопје пронајдено оружје

Од:

Инспектори од СВР-Скопје вчера по издадена судска наредба  извршија претрес во стан и други простории кај скопјанецот С.Џ. (36), при што се  пронајдени пиштол НН марка кал.7,65 мм и рамка за истиот со шест куршуми,  сигнален пиштол марка „ЕКОЛ“ кал. 9мм и  рамка за истиот со еден куршум, рамка за пиштол ТТ со два куршуми 7,62 мм , рамка за пиштол ЦЗ- 99 со осум куршуми, еден  куршум кал.300 ЊИН МАГ (винчестер магнум), два  патрони за  ловна пушка кал.12мм, 17 куршуми за ловен карабин  и 15 куршуми за автоматска пушка кал.7,62х39 мм.

Истите се одземени со потврда за привремено одземени предмети и ќе бидат доставени за вештачење, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против С.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ