Во сообраќајка тешко повреден 30-годишник од Кавадарци

Од:

Вчера вечер во 19.40 часот пријавено е дека на улицата Илинденска во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.К. од Кавадарци и мопед „кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот Б.С. од Кавадарци, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Б.С.,кои му биле констатирани од лекар во Општата болница Кавадарци, додаде МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа