Во следните неколку дена ќе се објават Уставните амандмани во Службен весник

Од:

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

Потоа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

„По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени“, се наведува во соопштението.

МНР во соопштението подвлекува дека сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

МНР: Македонските државјани да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

А1он

Досиејата на Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, алармираат Обединетите нации

Гутереш: Една сила не може сама да ги реши глобалните проблеми

Македонија меѓу седумте земји кои гласаа против укинувањето на санкциите за Куба во ОН

Катерина Ѓуровски

Гутереш: Човештвото ја пропушти климатската цел на Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување

По 10 години, ОН повторно воведе сеопфатни санкции врз Иран