Во скопско Марино приведен бегалец од струмичкиот затвор

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведен бегалец од струмичкиот затвор.

„На 05.10.2021 во 17 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во с.Марино, скопско го лишија од слобода Т. П. (41) од Штип, кој бил баран по потерница од Основен суд Штип за доиздржување затворска казна во врска со чл.215 од КЗ на РСМ (неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори), а кој избегал претходно од Затвор Струмица, а за доиздржување има уште 2 години, 6 месеци и 15 дена.Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР