Во Скопје вакцинирани 12.468 деца на возраст до 14 години

Од:

Во Скопје вакцинирани се 12.468 деца на возраст до 14 години од 16.361 невакцинирано дете. Во останатите центри за јавно здравје низ целата држава, вакцинирани се 7.776 деца од 26.495 невакцинирани деца. Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата, изјави за МИА членот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, д-р Владимир Микиќ.

Родителите, посочи, ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина.

– Сите деца кои се невакцинирани за да се заштитат од можни компликации треба веднаш да се вакцинираат, додаде д-р Микиќ.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Даниловски објаснува што значи привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата

Катерина Ѓуровски

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ