Во Скопје утре нов хаос: Ќе бидат блокирани клучните крстосници

Од:

Поради протестот на приватните автобуски превозници утре во Скопје почнувајќи од раните утрински часови ќе има посебен сообраќаен режим потврди поладневно Министерството за внатрешни раобти.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ – крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата) се вели во соопштението од МВР.

Приватните превозници ќе ги радикализираат блокадите откако градоначалничката Данела Арсовска повторно одби да преговара со нив и објави дека ќе има нов јавен повик за приватни превозници. ЈСП го раскина договорот и со „Слобода превоз“. Претходно беше раскинат договорот и со „Макекспрес.

Од ЈСП признаваат дека има долгување кон приватните проевознци, но велат дека долгот е наследен. Арсовска ги повика приватните превозници долгот да го бараат на суд.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот