ЈСП вози со половина од капацитетот: автобусите се стари, бројот на патници драстично намален

Од:

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Истражувањето покажува дека:

 Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.

 ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.

 Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.

 Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.

 Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.

 Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.

Би можело да ве интересира

КСОМ предупредува на незадоволство меѓу вработените во ЈСП

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Тендери без крај, енормно зголемена вредност, 13 експерти платени колку 92 работници – ЦГК објави три спорни случаи

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации