Во Скопје повторно активирани мерките поради големото загадување

Од:

Прагот на алармирање поради преголема загаденост повторно е активирани во Скопје информира Министерството за животна средина и просторно планирање. Од таму велат дека прагот на концентрации на ПМ10 честичките е надминат во Лисиче и во Центар. Поради ова на сила стапуваат препораките и мерките за заштита од преголема загаденост.

Попладнево Скопје е на 21. место на листата најзагадени градови во светот спред IQ Air.

Од МЖСПП информираат дека е прекинат праг на алармирање во Тетово.

-Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 28.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Тетово и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање се наведува во соопштението од Министерството.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

Катерина Ѓуровски

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов