Во штипската болница мамографот ставен во функција

Од:

Мамографот во штипската Клиничка болница конечно е ставен во функција. По речиси една година е сервисиран, а веќе се закажуваат и прегледи преку системот „Мој термин“.

– Сервисирањето на новиот апарат не ја чинеше ништо штипската болница, бидејки се уште е под гаранција, што беше причина и сервисерите малку да ја одолжат неговата поправка, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев. Тој истакна дека во моментот во болницата работат сите апарати, а деновиве ќе биде сервисиран и лифтот во рентген центарот.

Мамографот е релативно нов и беше инсталиран во 2015 година. Тогаш поради старата и дотраена апаратура, покрај Штип ваков софистициран апарат добија Кочани, Велес, Македонска Каменица и Радовиш.

Раното и навремено детектирање на карциномот на дојка е од голема важност за намалување на смртноста кај жените, бројка која од година во година е се поголема. Статистиката покажува аларматни податоци. Годишно во државата се откриваат околу илјада новозаболени жени.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена