Во сабота ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Од:

Во сабота напладне е закажан состанок на Советот за безбедност во Вила Водно, по што, шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе треба да одлучи дали ќе ја укине вонредната состојба или ќе воведе нова, четврта по ред, дознава „А1он“. Во сабота истекуваат последните 14 дена од последната вонредна состојба која ја прогласи на 18 март.

Владата досега не соопшти дали на претседателот ќе му предложи да укинување или воведување нова вонредна состојба, но оттаму велат дека ситуацијата се анализира.

Доколку вонредната состојба се укине, според донесената уредба со која се одложија изборите, за 22 дена ќе треба да се одржат предвремените парламентарни избори, а тоа е 21 јуни. Во јавноста се зборува дека политичките партии разговараат изборите да бидат на 5 јули, а во тој случај, ќе биде потребно вонредната состојба да биде продолжена за нови 14 дена.

Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека комуникација за одредување на датумот на избори постои, но не сакаше да коментира ништо во врска со неа, тврдејќи дека ако има договор меѓу партиите, тоа ќе се соопшти јавно.

Би можело да ве интересира

Украина од полноќ во вонредна состојба

А1он

Австралиската држава Викторија уште шест месеци во вонредна состојба

Жарко Настоски

Претседателот Пендаровски ги прати одлуките за прогласување на вонредна состојба до Собранието на потврдување

Жарко Настоски

Завршува осумдневната вонредна состојба, од среда стартува изборната кампања

Ана Ололовска

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули

Ана Ололовска

Почнува нова вонредна состојба која ќе трае осум дена

А1он