Вонредна состојба во 16 американски држави поради студениот бран – Трамп: Чувајте се!

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) е целосно подготвена да одговори на рекордниот студен бран и зимската бура што се предвидува да го погоди поголемиот дел од САД овој викенд.

Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека неговата администрација ги координира активностите со локалните власти во врска со предвидената бура.

„Чувајте се и останете на топло!“ им порача Трамп на Американците.

Метеоролошките служби најавија обилни снежни врнежи, замрзнат дожд и многу ниски температури што ќе влијаат на две третини од источниот дел на САД со очекувани прекини на електричната енергија и прекини во сообраќајот, објавува Ројтерс.

Големите американски авиокомпании ги предупредија патниците да бидат претпазливи поради ненадејни промени и откажувања на летови.

Најмалку 16 американски држави прогласија вонредна состојба во петокот во очекување на бура што ќе го погоди поголемиот дел од САД, носејќи обилни снежни врнежи и арктички температури, објави ABC.

Досега, вонредни состојби прогласија Алабама, Арканзас, Џорџија, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мериленд, Мисисипи, Мисури, Њу Џерси, Њујорк, Северна Каролина, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вирџинија, а главниот град Вашингтон, исто така, прогласи вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он