Во Прилепско пронајдена мермерна статуа

Од:

Жителите на прилепското село Тополчани пронајдоа мермерна статуа во натприродна големина без глава, на земјиште на влезот од селото.

Според жителите, тие кога во текот на вчерашниот ден копале за да ги најдат темелите на некогашната црква, со благослов на владиката, ја откопале статуата.

Наодот го потврди Заводот и музеј од Прилеп. Од таму посочуваат дека станува збор за мермерна женска статуа без глава од околу 1,80 метри. Тие сакале во текот на денешниот ден да ја пренесат, но тоа го одложиле за утре. Жителите на Тополчани велат дека ноќеска ќе ја чуваат будно статуата, но за возврат сакаат  да добијат средства за црквата.

Местото каде што е најдена мермерната статуа е на пет-шест километри од најголемото наоѓалиште на мермерни статуи во земјава, античкиот локалитет Стибера кој минатото лето за прв пат обемно се конзервираше. Дел од мермерните статуи кои се пронајдени во Стибера, се во Музејот на Македонија.

Би можело да ве интересира

На штипскиот локалитет Пилав Тепе откриена доцноантичка некропола

А1он

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост

А1он

Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

А1он

(ВИДЕО) Заев: Светот ќе го види Стоби во полн сјај по реставрацијата

Ана Ололовска

Обука на археолози за подводни истражувања

Наум Локоски

Нов археолошки наод во близина на Виничко кале

Емир Латифовиќ