А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Прилеп се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи за потребите на МВР

by А1он30/03/2018 - 15:09177
Share0

Во Прилеп ќе се гради „Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“, финансиран преку ИПА – претпристапната програма за помош на Европската Унија за 2013 година, за потребите на Министерството за внатрешни работи (МВР). За таа цел деновиве започна расчистување и оградување со жичена ограда на парцела во близина на прилепската касарна „Мирче Ацев“.

Добивај вести на вибер

МВР ги отфрли како неточни и лажни информациите што се појавија во јавноста дека, наводно во Прилеп се гради центар за мигранти.

– Овој Информатички центар ќе обезбеди континуитет со работата и зачувувањето на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од човечки фактор, информираат од МВР.

Вкупната вредност на овој проект, финансиран од ИПА претпристапната програма за помош на Европската Унија за 2013 година е 3. 398 473 евра, чии градежни работи се почнати од 15 март и треба да завршат до 15 ноември оваа година.

Договорот, како што посочуваат од МВР, е потпишан помеѓу Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и избраната компанија согласно критериумите на ЕУ.

– Како имплементатор на овој проект во тендерската постапка за избор на најповолен понудувач беше избрана фирмата „4А-М СХПК“ од Република Албанија, информираат од МВР.

mvrprilep

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто