Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен

Од:

Во прекин е сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сепак се пренасочува преку Битола. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он