Во пожарот во велешката населба Варналиите изгоре куќа, загина сопственикот

Од:

Во пожарот кој избувнал ноќеска во велешката населба Варналиите изгоре една куќа, а загина нејзиниот сопственик. Пожарот е локализиран и се работи на целосна ликвидација на жариштата, информираат утрово од Противпожарната бригада во Велес.

Оттаму истакнуваат дека нема опасност по соседните објекти, како и дека се уште не се знае причината за избувнувањето на пожарот.

Во врска со пожарот синоќа се огласи и Велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

-Со жалење ве известувам, дека ноќеска во Велес, околу 23 часот, избувна силен пожар што целосно изгоре една куќа во која се претпоставува дека настрадал и сопственикот, лице на околу 80 годишна возраст, а една куќа е делумно зафатена од пожарот. По интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес пожарот е ставен под контрола, напиша ноќеска Коцевски на својот „Фејсбук“ профил.

Куќата која изгоре, додава Коцевски, е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век, каде што режисерот Милчо Манчевски снимаше делови за спотот за убавините на Македонија.

Би можело да ве интересира

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот

Убиен жител на Конче за време на лов, во него случајно пукал друг ловџија

Катерина Ѓуровски

Го удирала со тупаници по устата и носот 6-месечниот син, ја изнервирал дека плачел

Излажале старица дека син и прегазил дете, и зеле 72.500 денари

Кавадарчанка го истепала шестмесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана