Двајца работници на ЕВН се повредени во пожар што избувнал синоќа околу полноќ во трафостаница на ул. Шитска, во скопската населба Ѓорче Петров.
Екипи на пожарната го локализирале пожарот, а лицата Б.Ѓ. роден 1973 година и Г.Б.роден 1981 година, кои работеле на отстранување на дефект се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во градската болница „8 Септември“.