Во пожар во Старо Коњарево изгореа 50 грла добиток и механизација

Од:

Четириесет крави, десет телиња, трактор, огревно дрво и друга земјоделска механизација изгореле во три објекти синоќа во селото Старо Коњарево, општина Ново Село.

Командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, информира дека во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила од Струмица и Ново Село со десетина пожарникари.

Пожарот избувнал доцна попладнето и е локализиран на полноќ, а пожарникарите не дозволиле да се прошири кон соседните куќи и објекти.

Во текот на ноќта пожарникари останале на местото на пожарот за да не дојде до повторно разгорување на огнот поради големите количини сено во објектите кои се во близина на изгорените објекти.

Увидни екипи ги испитуваат причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари