В понеделник ќе им се врачат уверенијата на новите пратеници на Левица и ДПА

Од:

Државната изборна комисија информира дека денеска беше одржана свечена седница во која беа поделени уверенијата за избраните пратеници, согласно резултатите од Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 2020 година.

– На самата свечена седница, беа подигнати уверенијата на избраните пратеници од Коалицијата „Можеме“ , ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, како и Демократската Унија за Интеграција –ДУИ, информира ДИК.

По завршување на свечената седница, во просториите на Државната изборна комисија, уверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, беа подигнати од страна на нивниот овластен претставник.

Уверенијата за избраните пратеници на политичката партија Левица и уверението за избран пратеник на Демократската партија на албанците – ДПА, сè уште не се врачени, велат од ДИК и додаваат дека истите ќе се врачат в понеделник кога или избраните пратеници или овластени лица од страна на наведените политички партии ќе ги подигнат од Државната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата

Горан Наумовски

ДИК треба да ги потврди претседателските кандидатури

Катерина Ѓуровски

Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората

ДИК за ставањето на Јакимовски на црната листа на САД: Условите за избор на претседател се содржани во Уставот

Предраг Петровиќ

ДИК: Увид во Избирачкиот список направиле 46 584 лица, рокот за проверка на податоците истекува на полноќ