Во пелагониските општини лани регистрирани 512 пожари

Од:

Tериторијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола минатата година интервенирала во 512 случаи во пелагониските општини Битола, Могила и Новаци.

Според ТППЕ – Битола, најмногу интервенции имало во Битола, 451, потоа во општина Могила, 34, и во општина Новаци, 27, а најголем број од пожарите, 188, биле предизвикани од невнимание.

– За жал, бројот на интервенции споредено со 2016 година е зголемен. Ако во 2016 година интервениравме 420 пати, лани нашите екипи дејствуваа и гаснеа во 512 случаи – 162 објекта, 261 отворен простор, 22 сообраќајни средства, пред се опожарени патнички моторни возила, а имаше и други интервенции. По секоја интервенција ги анализиравме причините и во 261 случај констатиравме намера за предизвикување на пожарот. За само два причината остана неутврдена, посочи Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.

Оваа година ТППЕ-Битола планира превентивни активности за намалување на пожарите од невнимание или од незнаење, како и набавка на нова поефикасна опрема за противпожарна заштита.

– Планираме да ја интезивираме проверката на хидрантската мрежа во градот за што ќе изработиме и посебен графички приказ со кој ќе се ажурира овој важен податок за пожарникарите, ќе продолжиме со постојан мониторинг и мобилност на опремата и возниот парк, како и со редовна комуникација и состаноци со командирите на ТППЕ од Крушево, Демир Хисар, Ресен и Прилеп бидејќи таа соработка е исклучително корисна и важна, нагласи Поповски.

ТППЕ – Битола ќе организира и тактичко показни вежби во дрвната, текстилната и прехранбената индустрија.

Би можело да ве интересира

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион бараат измени во Законот за тутун

А1он

Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча

А1он

Подготовка на земјоделските култури за пониски дневни температури во Пелагонија

Павлевски: Општините се справуваат со вонредната ситуација и со примената на мерките

А1он

ЗК Пелагонија: Исплатени се сите финансиски обврски кон нашите вработени

Наум Локоски