Се чистат каналите во битолскиот дел од Пелагонија

Од:

Подружницата „Битолско поле“, која го стопанисува, користи и одржува системот за одводнување Пелагонија – Битолски дел и која работи во состав на АД Водостопанство на РМ, активно деновиве ги чисти каналите околу Индустриската зона „Жабени“, до новата железничка пруга кон соседна Грција. На оваа локација, каналите не биле чистени повеќе од 10 години.

Според раководителите на оваа подружница, во изминатава 2018 година од страна на Подружница Битолско поле-Битола на територијата на Општина Битола се исчистени 23 одводни канали со вкупна должина од 25850 метри.

Гледано според активностите реализирани по месеци, во јануари и февруари се работело на Логовардскиот одводен канал, санација на насип на реката Шемница, одводните канали во селото Кукуречани, а во март и април на одводниот канал во Г. Оризари, заедно со интервентното чистење во селото Карамани. Во месец мај биле чистени одводниот канал во Студентскиот дом, на Стрежевски пат и во селата Крклино и Кукуречани. Во текот на летните месеци се чистеле одводните канали на патот за Р.Грција во потегот меѓу селата Бистрица и Оптичари, на Новачки пат, с. Црнобуки, во индустриската зона, Горно Оризари, с. Драгожани и одводниот канал во близина на фабриката „Сокотаб“. Во септември и октомври, екипи на „Битолско поле“ ги чистеле одводните канали во с. Логоварди, во с. Секирани и во населбата Боримечка. Во текот на месец ноември, се чистеле одводните канали во околината на с. Бистрица.

Би можело да ве интересира

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња

1408 стари пушки пронајдени во близина на поранешниот гарнизон во Битола

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола