Владата им додели средства за режиски трошоци на студентските домови „Пелагонија“ и „Скопје“

Од:

Владата на денешната седница донесе одлуки за доделување средства на државниот студентски дом „Пелагонија”, како и на Државниот студентски дом „Скопје“.

Државниот студентски дом „Пелагонија”, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, ќе добие 7.204.603,00 денари од Буџетот на Република Македонија за 2018 година со цел подмирување на трошоци за тековно работење. Станува збор за  за трошоци за потрошена електрична енергија, трошоци за греење, за потрошена вода и трошоци за комунална хигиена, а кои што не можеле да се предвидат и планираат во буџетот на Државниот студентски дом „Пелагонија” – Скопје. За истата намена, вкупно 79.592.133,00 денари од државниот буџет, ќе добие и Државниот студентски дом „Скопје” – Скопје.

На седницата, информираат од владината прес-служба, била разгледана и усвоена Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акцискиот план 2018 – 2020 година.

– Создавањето на оваа стратегија беше дел од долг инклузивен и консултативен процес. Стратегијата се темели на досега постигнатите резултати, но и разработува рамка за идни активности кои ќе овозможат понатамошно унапредување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор, како коректив на политиките, сервис на граѓаните и канал за солидарност, партнер на државата и бизнисот и двигател на ЕУ интеграцијата, се посочува во соопштението од Владата. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски