Во октомври решенија од Советот за реформи во правосудството

Од:

Во октомври ќе се гласаат решенијата кои ќе произлезат од работата на Советот за реформи во правосудството, а потоа ќе се реализира и нивната имплементација, истакна денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашања на прес-конференцијата во Владата на РМ.

Тој рече дека за него како претседател на Владата е многу важно брзо да се донесат усогласени и адаптиртани законски решенија.

– Очекувам дека во октомври ќе се гласаат тие решенија, но најважна е имплемантацијата. Таа зависи од секој поединец во правосудството, почнуваќи од судиите, обвинителите, стручните соработници, а транспарентноста и независноста е следниот чекор кој го очекуваме од секој судија и обвинител за да можеме да очекуваме и независно судство и комплетна контрола од страна на граѓаните и правосудните органи во државава, истакна Заев уверуваќји дека идните реформи ќе придонесат за сериозно зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.

Премиерот рече дека довербата ќе се зголеми и доколку ниту еден судија не зависи од политичар, како што се случувало во минатото и дека во втората фаза на реформите ќе има отчетност и мониторинг на сите заинтересирани во државата, каде секоја судска пресуда јавно ќе се објавува, а граѓаните ќе можат да даваат дирекни коментари на работата.

Би можело да ве интересира

Правосудството во 2023 – од одложена, до застарена правда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска