Во Охрид се делат покани за отворање на штаб на ДУИ, Груби вели веднаш ќе се јавел да се престане

Од:

Покани за отворање на штаб во ДУИ се делат во Охрид и истите се споделуваат на социјалните мрежи, каде пак, приврзаниците на оваа партија најавуваат присуство и повикуваат други лица.

Поканата е упатена од претседателот на огранокот на ДУИ, познат по дивоградби и физични пресметки во Охрид, како и актуелен советник во Општина Охрид, Нефи Усеини. „А1он“ контакираше со Артан Груби, кој е шеф на кабинет на преседателот Али Ахмети, кој кажа дека веднаш ќе интервенира, а настанот ќе се откаже.

„Претседателот на Демократската унија за интеграција-огранокот во Охрид, господин Нефи Усеини, Ве поканува на отворањето на централниот штаб за избори. Отворањето ќе бидит на 15.03.2020 (недела) во 19:30 часот, каде ќе бидат присутни и високите функционери на партијата. Ве очекуваме“, стои во поканата.

Груби е дециден дека ќе се следат препораките на Владата бидејќи состојбата со коронавирусот е премногу сериозна. Тој вели дека одма ќе реагира и дека верува, односо дека отворањето на штабот ќе се откаже. „Дадовме насока дека се откажуваат сите активности, целосно. Сега ќе контактирам, верувам дека ќе се откаже и тоа, односно, мора да се откаже. Пресериозна е ситуацијата. Одма ќе интервенирам“, рече Груби за „А1он“.

Како превенција од коронавирусот, Владата даде насока да се откажат сите собири, а денеска, посочи дека е донесен и мораториум за сите изборни активности, кој пак, партиите се обврзале да го почитуваат.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис