А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Охрид лани намален бројот регистрирани случаи на нарушување на јавниот ред и мир

by А1он03/02/2015 - 11:4913/04/2016 - 16:46134
Share0

Секторот за внатрешни работи Охрид во 2014 година регистрира намалување на прекршоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Аналитичките податоци на Службата покажуваат дека во Охрид минатата година регистрирани се 292 прекршоци што претставува значајно намалување во споредба со 2013 година кога биле евидентирани 396 прекршочни дела.

Добивај вести на вибер

Намален е и бројот на сторителите на прекршоци, од 536 во 2013 на 426 во 2014 година.

Според видот на нарушувањата на јавниот ред и мир, минатата година најмногубројни, односно 99 се случаи на физички напад, 60 случаи на учество, предизвикување и поттикнување друг на тепачка, 43 случаи на пијанство, 24 случаи на караници и викотници и во помал број останати видови дела.

Според местото на извршување, 90 проценти се извршени во градот, поточно 162 прекршоци се извршени на отворено, 36 во угостителски објект, а 15 во приватен стан). Од нив, 197 прекршоци се извршени од поединец, 62 од две лица,  додека 33 прекршоци се сторени од три и повеќе лица. Од нив 216 сторители биле вработени, 133 невработени и 56 ученици/студенти.

Минатата година до Основниот суд во Охрид поднесени се 146 барања за поведување на прекршочна постапка, против 270 сторители за сторени 150 прекршоци. До Комисијата за прекршоци поднесени се 115 барања за поведување прекршочна постапка, а против 156 сторители за сторени 142 прекршоци.

Како главни причини што довеле до нарушување на јавниот ред и мир се влошени брачни и семејни односи, нерасчистени имотно–правни и должничко–доверителни односи, влошена економска состојба, невработеност, алкохолизираност и употребата на наркотични дроги.

Од СВР Охрид најавуваат дека во рамките на своето превентивно работење во текот на оваа година ќе бидат интензивира напорите за понатамошно намалување на бројот такви прекршоци и одржување стабилност во јавниот ред и мир.

mvrohrid

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен