Во Охрид конференција на НАТО од програмата „Безбедност преку наука“

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски вечерва се обрати пред учесниците на семинарот за аритметика на хипер-елиптична криви и криптографија што под покровителство на НАТО се одржува во Охрид.

Станува збор за научен собир во организација на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и „Окланд универзитетот“ од американската сојузна држава Мичиген, преку кој Македонија се вклучува во заедничките научно-истражувачки проекти на Северноатлантската алијанса.

– Оваа конференција е организирана благодарение на меморандумот за соработка на двата универзитети потпишан пред две години, кој предвидува размена на научен кадар, студенти, работа на научно-истражувачки проекти каков што е впрочем и овај под покровителство на НАТО. Тоа е особено значајно за Република Македонија, оттаму што на овој начин македонската научна фела и високото образование се вклучуваат во заеднички проекти финансирани од Алијансата, рече министерот Јолевски.

Тој истакна дека сите активности што ги презема Владата за инвестирање во високото образование, за поврзување на македонските високообразовни институции со универзитети од Европа и САД, како и активното учеството во слични заеднички научни проекти, ќе создаде уште подобри услови за вклучување на нашето образование во светските текови, што е еден од основите за развој, како на самиот образовен процес во земјата така и во областа на економијата.

Јолевски додаде дека интенција на институциите во земјата е да се воспостави соработка во областа на безбедноста на електронски податоци меѓу УИТ „Св. Апостол Павле “од Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Воената академија и универзитети од САД.

Еустрад Жупа, професор по компјутерски науки и координатор на конференцијата во Охрид, истакна дека самото тоа што собирот е во организација на НАТО, ја определува нејзината важност, како научна активност, предавања од односната тема, оценета како особено важна во сферата на заштитата и безбедноста на податоци.

На собирот во Охрид учествуваат професори од дваесетина универзитети  од еминентни европски и американски високообразовни институции, како и македонски експерти од областа на информатичките науки.

Во Македонија вторпат се одржува научна конференција организирана од НАТО, преку програмата „Безбедност преку наука“, што поддржува проекти на земји-членки и земји-партнери на НАТО за научни цели во служба на безбедноста.

Би можело да ве интересира

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Јермак: НАТО треба да инвестира во воено-индустрискиот комплекс на Украина

НАТО би можело да се распадне, порака од Русија

Песков: Путин и Трамп никогаш не разговарале за заканата од Русија за НАТО

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата