А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во новиот закон што го предлага Правда, помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда

by А1он07/12/2023 - 10:56746
Share0

Со новиот Закон за помилување кој е предложен од Министерството за правда, а беше разгледан и утврден на седница на Влада, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи информираат од Министерството за правда.

– Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот. Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизаат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот. Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими. Односно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Исто така се разработува постапката за помилување, при што клучни се и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, како и на нивните претпоставени, се вели во соопштението од Правда.

ministerstvo za pravdazakon za pomiluvanje

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 13:54

МП: Протестот е демократско право, но загрижува улогата на опозициска партија и обидот за манипулација

А1он06/04/2026 - 16:10

„Не го допирајте законот за јазиците“, порака од протестот за полагање правосуден на албански

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 14:07

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 09:4006/04/2026 - 09:44

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 14:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто