Во Скопје наврнаа близу 30 литри на метар квадратен

Од:

Вкупно 28 л/м2 воден талог дожд паднаа во скопската котлина во невремето што се случи поладне, а брзината на ветерот на моменти достигнувала и до 80 км/ч, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

– Скопската котлина по 15ч. беше зафатена со невреме, проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град со променлив интензитет. За кратко време (за помалку од два часа), на мерната станица Зајчев Рид се регистрирани 28 л/м2 воден талог, а ветерот на моменти достигнуваше брзина од 80 км/ч, се вели во соопштението од УХМР.

Според последните податоци од 17 часот, на другите метеоролошки станици од земјава измерени се незначителни количини на врнежи.

Како што се наведува, нестабилната облачна маса, која претходно беше над Скопската котлина, во моментов (18:10) е над подрачјето на Свети Николе и Велешкиот регион. Според информациите од радарскиот центар Ѓуриште, тука има невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, силен ветер, а можна е и локална појава на град.

Оваа облачна маса, според УХМР, има правец на движење кон околината на Штип.

Променливото и нестабилно време се очекува да продолжи во вечерните и ноќните часови, кога ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд