А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Во мене гледајте го министерот Јанакиески“ им велел обвинетиот Димовски на вработените во министерството

by А1он08/11/2018 - 10:4008/11/2018 - 11:09314
Share0

Судењето за предметот „Топлик“ денеска продолжи со вкрстено испрашување на сведок во случајот, вработена во Министерството за транспорт и врски која членувала во комисијата за јавно наддавање која првично го одбила барањето земјиштето за Сончев град кај Сопиште да се стави во продажба поради некомплетна документација.

Добивај вести на вибер

Вработената на денешното сведочење изјави дека обвинетиот Димитар Димовски бил оној кој ги пренесувал пораките помеѓу комисијата и тогашниот министер, сега обвинет во случајот, Миле Јанакиески.

– Димовски беше вработен во Министерството тој ни викаше: „Во мене гледајте го министерот јас ги пренесувам пораките за предметот“, рече сведокот.

Обвинетиот Димовски многу често доаѓал да им укаже на членовите да работат побрзо во однос на собирањето податоци за земјиштето со цел работата да се заврши побрзо.

На минатото рочиште сведокот истакна дека членовите на комисијата за наддавање побарале да бидат разрешени од истата поради тоа што иако документацијата за земјиштето не била комплетна, Јанакиески барал од нив земјиштето да биде ставено на продажба.

На прашање на обвинителот од СЈО што констатирала Комисијата, сведокот рече дека документацијата била некомплетна и затоа не може да се донесе одлука за јавно наддавање.

„Немаше нумерички податоци за сите градежни парцели, немаше уверение за движење на катастарските парцели“, рече сведокот.

Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во случајот обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на Комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.

СЈО тврди дека иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштето за Сончев Град, Јанакиески експресно формирал нова комисија, која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан сити“ во 2007 година, кој четири години подоцна бил спогодбено раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.

Виктор Јованов

sjotoplik

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Александар Тодески18/10/2023 - 11:21

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски17/10/2023 - 15:4417/10/2023 - 16:22

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов05/04/2022 - 16:3405/04/2022 - 17:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен