Во Маврово измерени -9 степени, најмногу снег на Попова Шапка 40 сантиметри

Од:

Минусни температури изутринава се забележани речиси на територијата на целата земјата, а најниската температура е измерена во Маврово – 9 и во Берово и Крива Паланка – 8 степени. Во Крушево температурата била -7 степени, во Прилеп, Винициа и Куманово -5, во и во Штип -4, во Тетово, Скопје-Петровец -3, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Дебар -2, во Демир Капија и Дојран -1, во Гевгелија еден, во Охрид нула и во Претор два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 40 сантиметри, каде утрово повторно паѓаше ситен снег.

Дожд имаше и во повеќе делови од земјата, а најмногу наврнал во Пожаране и Охрид 12 литри на метар квадратен.

Вдолж Повардарието ноќеска и утрово дува засилен ветер од северозападен правец, на места со брзина над 50 км/час, а во источните делови е претежно ведро.

Времето денеска ќе биде сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и студено со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до три степени.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он