Во македонски автобус запленети 13,3 килограми злато и 30.000 евра

Од:

Денес при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра.

Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Р.Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин.

При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма.

Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.

Би можело да ве интересира

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Тројца Грци уапсени на „Стар Дојран“, шверцувале муниција