Во Македонија лани работеле 54 телевизии и 61 радио

Од:

Со радиодифузна дејност лани во Македонија се занималавел 115 радиодифузери, од кои 61 емитуваат радиопрограма, а 54 телевизиска, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 57 се трговски радиодифузни друштва, а три се непрофитни радиодифузни установи.

Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37.490 часа, од кои најголем дел или 62,2 процена се музичка програма. Приватните радиодифузери, пак, емитувале 463.240 часа радио програма, исто така, најголем дел музичка програма, која била застапена со 63,2 процента.

Јавното радиодифузно претпријатиe кое емитува телевизиска програма емитувало вкупно 20.712 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 13 проценти се играна програма. Приватните телевизии  емитувале 399.454 часа програма, од која најголем дел или 25,3 проценти се играна програма.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март