Во Лавце пронајдена неексплодирана мина

Од:

Неексплодирана тромблонска моментна мина закопана во земја била пронајдена од  Ф.Р.(38) од тетовското село Лавце додека вчера околу 9 часот и 30 минути заедно со својот брат сечел дрва во месноста „Иванова нива“ кај селото.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, прусуството на неексплодираното експлозивно средство веднаш било пријавено во полиција чии службеници го обезбедиле местото.

– При увидот е утврдено дека станува збор за тромблонска моментна мина  што на некои места била оштетена и за која  се претпоставува дека потекнува од конфликтот во 2001-ва година. На увидот присуствувал и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување и нешто подоцна мината е соодветно подигната и безбедно транспортирана, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“