Во Куманово 14 прекршувања на ограничувањето на движење

Од:

На подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење во периодот од 21:00 часот на 3. април, петок до 7 часот денеска, информира МВР.

Оттаму нагласуваат дека се преземени мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

– Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05:00 часот на 06.04.2020 (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, порачуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе