А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кривичниот суд се уште трае рочиштето за настаните од 27 април

by А1он25/10/2018 - 21:22285
Share0

Во Кривичниот суд во Скопје попладнево со прикажување видео снимки од безбедносните камери продолжи судењето за случувањата во Парламентот на 27 април минатата година. Едната снимка од безбедносната камера од пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски се гледаше до околу 17 часот, а потоа беше пуштена и другата снимка од балкон-салата во Собранието.

Добивај вести на вибер

На првата снимка се гледа движење на обезбедувањето на Вељановски, како и на обвинетите Горан Ѓошевски, Елена Божиновска и Иван Цветковски, кои ја упатуваат толпата луѓе низ ходникот што води кон прес-салата во Собранието.

Обвинителката Вилма Русковска посочи дека на снимката се гледа присуство на вработени во Министерството за внатрешни работи и Едницата за брзо распоредување, потоа движење на луѓе во помали и поголеми групи, како и туркање на почетокот на ходникот кон прес-центарот.

На снимката, меѓу другото, се гледаи како обвинетиот Владо Јовановски заедно со уште еден човек, изнесува едно повредено лице.

Обвинителката Ивана Трајчевска побара понатамошнит дел од снимката да не се гледа бидејќи не е јасна, поради делумно заматеност како резултат на удар во кемрата, на што одбраната се согласи.

Потоа беше пуштена наредна снимка каде може да се следи движењето на обвинетата Божиновска до скалите и назад, а позади неа се движи обвинетиот Иван Цветановски. Се забележува и пратеникот Антонио Милишовски, како и група граѓани кои се качуваат нагоре по скалите меѓу кои има и лица со фантомки. Припадник на ЕБР се качува и зема шишиња со вода од лица со фантомки кои седат на средина на салата.
На снимката се гледаат и обвинетиот Захарие Симовски со фантомка кон кого се приближува Младен Додевски, а веднаш по него доаѓа и Михаил Младеновски. Покрај нив, на снимката се гледа и обвинетиот Митре Питроповски.

Во предметот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

27 aprilkrivicensud

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:42

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:45

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Горан Наумовски01/06/2025 - 16:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен