Во Кривичен нови рочишта за „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“

Од:

Нови рочишта денеска во Кривичнит суд треба да се одржат за предметите „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“.

Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне на 27 април во Кривичниот суд, беше одложено за денеска, а причина за одложувањето беше е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов.

Судењето за овој предмет беше одложено и на 16 март поради неприсуство на првообвинетиот Ејуп Аљими, кој, како што информира тогаш неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија.

Во предметот „Титаник 3“, покрај Аљими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир. Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“.

На судењето за предметот „Тенк“ на СЈО на 25 април сведочеше Дејан Митровски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски.

Во „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

Ново рочиштето денеска треба да се одржи и за случајот „Труст”, во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет”, „Силекс” и „Вато” ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

Според обвинителите на СЈО, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет”, „Силекс неметали” и „Вато” злоупотребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Според доказите, обвинителите од СЈО ќе докажат дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат