• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Кривичен нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“

by А1он03/04/2019 - 08:3603/04/2019 - 09:57246
Share0

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Добивај вести на вибер

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Во судот за денеска е закажано рочиште и за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

sjotarget-tvrdinatnt

Би можело да ве интересира

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 14:0013/01/2025 - 14:10

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

Горан Наумовски06/11/2023 - 15:51

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески06/11/2023 - 11:2806/11/2023 - 12:33

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Катерина Ѓуровски06/11/2023 - 08:51

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 15:01

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен