Во Крива Паланка приведени шверцери на цигари

Од:

Двајца жители на Крива Паланка се приведени поради шверц на цигари. Кај нив се пронајдени 1520 кутии цигари со македонска заштитна маркица.

Триесет и петгодишниот М.С. и 34-годишниот Л.Ј. биле забележани во близина на граничниот премин Деве Баир како на грбот носат пакети покриени со шаторски крила, а во рацете по една транспортна војничка торба. На наредбата од полицијата се оглушиле и почнале да бегаат при што едниот од нив веднаш е фатен, а другиот после 200 метри го фрлил пакетот на земја и по неколку часа е фатен во месноста Самоков во правец на селото Дубровница.

Одземени се по 500 кутии цигари марка „57“, 250 кутии цигари „Трокадеро“ слим и 10 кутии цигари „Ева“  слим.

На двете лица им се издадени платни налози и покана за наплата на глоба.

Би можело да ве интересира

Наука, регулатива и избор: трите двигатели на светот без чад

А1он

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

А1он

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари