Во Крива Паланка опожарени два хектари бор

Од:

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка речиси шест часа го гаснеле пожарот кој избувнал вчера во селотo Градец. Гореле борови дрвја, а опожарена е вкупна површина од два хектари.

На интервенцијата учествувале петмина пожарникари со две противпожарни возила, едно лице од Јавно претпријатие „Македонски шуми“, Подрачно шумско стопанство „Осогово“ и десетина локални жители.

Според Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка, дојавата е примена во 15:25, а пожарот кој според кажувањата настанал околу 15:20 часот, многу брзо се проширил поради горливиот материјал, но и силниот ветар.

– Теренот беше непристапен, во Мезовски ливади м.в. Настаечки рид. Пожарот е локализиран околу 18 часот, а целосно е ликвидиран дури во 19:15, бидејќи силниот ветар предизвикуваше постојано разгорување на сувата материја, изјави Коцевски.

Ова е прв пожар од почетотот на месецот на подрачјето на општина Крива Паланка, додека, според Коцевски, во август имало пожари речиси секој ден. ТППЕ Крива Паланка изминатиот месец бележи вкупно 27 интервенции.

Би можело да ве интересира

Апасиев примил претставка од оштетените граѓани од Крива Паланка – бараат собраниска реакција за долгогодишниот проблем со кравите

Поради расправија за добиток претепале жена во Дрење, ѝ скршиле скочен зглоб

Нова кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

Горан Наумовски

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ