Во Крива Паланка наврнати 45 литри воден талог во изминатите 12 часа

Од:

Најмногу дожд во изминатите 12 часа наврнало во Крива Паланка, каде се измерени 45 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Виница наврнале 14, во Пожар 13, во Скопје-Петровец 7 и во Тетово и Пожаране шест литри на метар квадратен. Во Битола наврнале пет, во Скопје-Зајчев Рид четири, во Лазарополе два и во Демир Капија и Ѓуриште по еден литар на метар квадратен.

Како што информира УХМР, нестабилно со дожд и грмежи е во Гевгелија, Струга и во поширокото подрачје во Струмичката котлина, како и во планинските подрачја на западна Македонија и над Беласица.

Во текот на ноќта се уште ќе има локален дожд со појава на грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Би можело да ве интересира

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи