Во Крива Паланка и Ранковце вкупно 336 барања за бесплатен викенд и бања

Од:

Вкупно 336 пензионери од Крива Паланка и Ранковце аплицирале за користење на услугите од проектите „Бесплатен викенд“ и „Бесплатна бањско-климатска рекреација“ на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

– Рокот за поднесување барања траеше од 23 јануари, заклучно со 20 февруари. Во Филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка беа доставени вкупно 336 барања од страна на корисници на семејна, инвалидска или старосна пензија. Формуларот за аплицирање беше единствен, и на него се потполнуваше и за двете услуги, викенд или бесплатна бањско-климатска рекреација, изјави Биљана Ивановска, раководител на филијала на ПИОМ, Крива Паланка.

Годинава, рече, биле поднесени двојно повеќе барања во однос на минатата година.

– Лани беа поднесени 151 барање, а одобрени беа вкупно 61. Годинава интересот на пензионерите е многу поголем. Се очекува наскоро сите на кои ќе им биде одобрено да добијат известување на домашна адреса, а услугите ќе ги користат тековно во повеќе периоди, додаде Ивановска.

Проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација за пензионери започна во 2010 година и досега услугите од истиот, бесплатно во Катлановска бања ги искористиле 502 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека проектот бесплатен викенд се реализира трета година и досега вкупно 68 пензионери од двете општини ја искористиле оваа услуга.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он