Во КПУ Затвор „Скопје“ донирана и поставена фитнес опрема и реквизити за рекреација

Од:

Во соработка со фирмата МСА Компани ДООЕЛ Скопје, согласно склучениот Меморандум за соработка, од страна на претставникот на компанијата Аделаид Крешник, во КПУ Затвор „Скопје“ беше донирана и поставена фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор.

– Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација, наведува во соопштение директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

За брзо време, се вели во соопштението, ќе има курсеви за компјутерски вештини за осудените лица. За почеток со основни компјутерски вештини, а потоа во зависност од интересот и напредни. Во КПУ Затвор Скопје, комплетно се реновирани и просториите за посета на адвокати, во соработка со Адвокатска комора на РСМ.

Би можело да ве интересира

На осудените на казна затвор до три години, извршувањето им се одложува до 1 септември

А1он

Затвореник од штипскиот затвор препродавал марихуана

А1он

Затвореник ја запалил келијата во кумановскиот затвор

А1он

ВИДЕО: Поради лажење за коронавирус, му се закануваат пет години затвор

Драган Поповски

Осуденици од странски држави префрлени од Идризово во затворот Кшање бараат подобри услови

Драган Поповски

Агим Красниќи избега од затворот во Штип

Мери Јордановска