Во ковид центарот во Штип нема слободни места, се очекува отворањето на модуларната болница

Од:

Се прават последните подготовки и се потпишуваат договорите за ставање во функција на модуларната болница во Штип, информира директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Доколку се оди според предвиденото, новиот објект се очекува да биде отворен утре, но се зависи од тоа дали ќе се реализираат и последните активности, со цел пациентите да имаат непречена здравствена услуга, а и нормално работење на здравствениот персонал.

Новата модуларна болница има 47 кревети, опремена е со сите потребни апарати за третман на ковид пациентите, кои се во тешка здравствена состојба.

Според денешниот извештај на болницата во штипскиот Ковид центар нема слободни болнички кревети. Во четирите ковид одделенија има 61 пациент, од кои 44 се на кислородна поддршка. Двајца пациенти од Штип се починати на возраст од 79 и 84 години.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“