Во кочанско засадени 34.000 садници чемпрес, бор и багрем

Од:

Акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во Кочанско денеска се реализира на неколку пунктови со вклученост на граѓани, ученици и вработени во државни институции.

Во општината за пошумување се планирани 17.000 хектари со 34.000 садници од чемпрес, црн и бел бор и багрем.

– На терените на Пониква на локалитетот кај аеродромот засадивме 15 хектари со чемпрес со што се вклучивме во есенската акција за Ден на дрвото, изјави Орце Димитров, директор на шумското стопанство „Осогово“ од Кочани, подружница на македонски шуми.

Во акцијата во која од изутринава се вклучија граѓаните на општина Кочани се пошумени два хектара во околината на фабриката за вода, а учениците од основните и средните училишта од општината засадија зимзелени дрвја во дворовите на своите училишта и во градските паркови.

Во општина Зрновци во акцијата се засадени 400 садници од чемпрес во населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште.

Во општина Чешиново Облешево акцијата беше реализирана во дворовите на основните училишта, парковите и останатите зелени површини.

Би можело да ве интересира

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра