Во Кочани продадени само три градежни парцели во државна сопственост

Од:

Со 30. објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, Општина Кочани продаде три од понудените 12 градежни парцели.

Од парцелите за изградба на објекти за индивидуално домување отуѓени се две на улицата „Ѓорче Петров“, а се со површини од 419 и 423 метри квадратни.

Третата отуѓена градежна парцела е со намена за изградба на стопански комплекс за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи, што се наоѓа во месноста Ќерамидница и е со површина од 9847 метри квадратни.

Цената што се постигна на електронската аукција за сите градежни парцели е 71 денар за метар квадратен.

Со ова е остварен вкупен приход од 758.919 денари, од кои 80 проценти ќе влезат во Буџетот на Општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски