Во Кичево се славеше 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Во Кичево денеска беше одбележан 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

– Образованието е најзначајниот дел од една нација, затоа би апелирале до сите Роми да посветуваат поголемо внимание на образованието за да не бидеме никогаш покорени, изјави на манифестацијата теологот Нуран Сулејманоски.

За историјата на ромската заедница зборуваше етнологот д-р Трајко Петроски кој истакна дека 8 Април, како меѓународен ден на Ромите е прифатен на конгресот во Лондон каде што се собрале највлијателните интелектуалци Роми.

Во продолжение на овој народен собир беа презентирани народните носии на Ромите, се пееја ромски песни и ора и на крај присутните имаа можност да ја проследат изложбата на стари фотографии на кои се покажува животниот пат на Ромите во Кичево.

Одбележувањето беше во организацијата на НВО „Природба“ со поддршка на градоначалникот на Кичево.

Би можело да ве интересира

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on