Учениците од двете средни општински училишта во Кичево, „Дрита“ и „Мирко Милески“, денес ја бојкотираа наставата и ги продолжија протестите од минатата недела за екстерното тестирање.
Протестот траеше малку подолго од предвиденото и учениците имаа дилема дали да влезат или да го бојкотираат тестирањето. Сепак, сите заедно одлучиле да влезат, поради што првиот час доцнеше и наместо во предвиденото време, во 9:30, тестирањето почна во 11 часот.
Според информациите од самото место, тестирањето сега се одвива нормално и денес учениците се тестираат по математика.
Fatlume Dervishi