Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

Од:

Вјолца Алији, асистентката по предметот Радиологија, лекар по професија, на јавноста и соопшти дека е невистина и чиста манипулација дека е потписник на листата поддржувачи на воведувањето на државен испи т по II и IV година на студиите и со својот потпис била против студентско-професорските реагирања.
Еве што вели во изјавата и обраќањето до студентите, колегите, пријателите и до останатата јавност

Почитувани,

Во врска со сите небулози, нејаснотии и последователно погрешни заклучоци кои се резултат на недоволна информираност од страна на одредени субјекти, јас како личност и лекар по професија инволвирана во наставниот процес асистент по предметот Радиологија, најоштро реагирам во врска со последните случувања и ги сметам како обид за манипулација и уривање на мојот углед пред целата јавност.

Имено, последниот ден од 2014 год. преку повеке ТВ-канали и весници добив црна честитка за Новата Година со објавување на моето име во некоја неформална група, граѓанска иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование дека сум го поддржувала воведувањето на државен испит по II и IV година на студиите и со својот потпис сум била против студентско-професорските реагирања.

Станува збор за чиста злоупотреба, извртување на вистината и подведување со испланиран трик како што може да измисли еден манипулант и профитер.

Изјавувам дека не сум потписник, поддржувач или член на некакви професорски пленуми или анти-пленуми, иницијативи или групации за кои и јас како повекето од вас дознав преку медиумите.

Во мојата установа беше дојден колега кој наводно спроведувал „анкета“ во име на јавен сервис дали сме за или против односно укинување на постојниот државен испит по завршените студии по медицина и потпишав „за“ државниот испит на медицина. Тоа беше прашањето а не дали да има државен испит на сите студии на другите факултети за кое искрено не сум компетентна.

Државниот испит е одамна облигаторен по завршување на медицинските студии во сите држави ширум светот и преку него лекарот се здобива со лиценца за работа. Понатаму следат студии за специјализација, специфична едукација односно тренинг програма-курикулум и повторно стекнуваат лиценца. Овие специјалисти често субспецијализираат уште една или две дополнителни години -соответен тренинг за соответното поле на субспецијалност. Постојат стручни и правни елементи во нашата професија поради кои е воведен државниот испит.

Кога го видов моето име во различни весници, портали и на ТВ се згрозив од овој нечесен чин, но не се изненадив бидејки таквите случувања за жал се секојдневие во нашето општество.

Едно големо браво за новинарите инволвирани во конкретниов случај, за нивната непрофесионалност и неетичност кои пласираат информации без да ги проверуваат.

За нив го користам следниот цитат од Томас Џеферсон ,,Човекот кој не чита ништо е пообразован од оној кој чита само весници,, -ке додадам и гледа ТВ.

А за колегата што измешал „баби и жаби“ и не наседна приредувајќи ни го ова Роад Шоу ( чиј идентитет не го објавувам за да не се ,,воздигнам’’ на негово ниво- infra dignitatem) срдечно му честитам за поените каде и да ги приложил и нека му служат на чест за целта за која ги искористил.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска

Над 12 000 потписи на петицијата за екстерното тестирање

Ана Ололовска

Leave a Comment

9 − eight =