ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

Од:

По одржувањето јавна расправа за реформските закони од областа на образованието меѓу претставници на Владата и универзитетите, Демократскиот сојуз, коалицискиот партнер на Груевски, предлага Владата да ги повлече предлог – законите и да ги преработи, вградувајќи дел од идеите и сугестиите дадени во текот на неколкудневната јавна расправа. При доработката на законите, предлагаат да се имаат предвид и предлозите од универзитетските професори и студентите.
Причината за овој предлог на Демократскиот сојуз е фактот што пратениците ги немаат добиено сугестиите и предлозите искажани на јавната расправа во текот на вчерашниот ден и деновите пред тоа.
ДС смета дека се можни одредени промени во предлог – законите, со кои во голема мерка ќе се подобри нивната содржина и ќе бидат во функција на подобрување на квалитетот на образованието, посебно на високото.

„Втора можност е одложување на седницата на Комисијата за една недела, односно одложување на амандманската расправа за овие закони во Собранието, со цел преку амандмани да се подобри текстот на законските предлози“, стои во соопштението.

Демократскиот сојуз преку пратеникот Павле Трајанов подготви и достави амандмани за Предлог – законот за високо образование. Партијата се залага за темелни реформи во образованието врз основа на сеопфатна анализа, компаративни искуства и сериозна, аргументирана, јавна и стручна дебата.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска

Над 12 000 потписи на петицијата за екстерното тестирање

Ана Ололовска

Leave a Comment

two × 5 =