Во Кавадарци презентација на возила, вооружување и опрема кои се дел од „Одлучен удар“

Од:

Жителите на Кавадарци денеска ќе имаат можност на градскиот плоштад да проследат презентација на возила, вооружување и опрема кои се дел од заедничката воена вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 8 јули во две ротации се одржува во Центарот за поддршка на обуката „Криволак“.

Граѓаните ќе имаат можност преку директна комуникација поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас, се наведува во соопштението на Армијата.

Присутните ќе имаат можност да проследат натпревар во кошарка меѓу екипа на локалната самоуправа и припадниците на армиите кои учествуваат на вежбата,

„Одлучен удар“ е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.

Вежбата има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Врховниот кинески генерал е уапсен под сомнение за оддавање тајни

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година