Во јавниот сектор во Македонија има 139.009 вработени

Од:

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 139.009 согласно состојбата до 31 декември 2017 година, изјави денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, презентирајќи го Годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор.

Истакна дека вкрстената анализа на МИОА, Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Македонија има 1.299 институции во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица.

За разлика од овие бројки, рече Манчевски, Регистарот на вработени во Информатичкиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), што треба да е основен извор на овие податоци покажува различна слика, односно 1.304 институции и 69.380 активни решенија. Причина за ова, додаде, е нередовното и не соодветно внесување и ажурирање на податоците во Регистарот.

– Активно работиме на конечно решавање на овој проблем. За таа цел променивме четири закони – Закон за управа за јавни приходи, Закон за даночна постапка, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување и Закон за вработени во јавниот сектор. Ова резултираше со значително зголемување на внес на податоци во Регистарот. Само за илустрација во декември 2017 година имало 15.533 организациони единици, сектори, одделенија, додека во март 2018 година нивниот број е 37.615, истакна Манчевски.

Додаде дека по завршувањето на законски предвидениот рок од три месеци, за внесување на сите податоци во Регистарот по што ќе следи санкција со не исплаќање на плати, конечно, како што кажа, ќе имаме Регистар кој ќе одговори на задачата за која што во 2014 се платени два милиони евра.

– Преку агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор работно ангажирани се вкупно 1.624 лица и тие немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите во овој извештај, истакна Манчевски.

Како за споредба, додаде Манчевски, преку Агенција за привремени вработувања до мај 2017 ангажирани биле 2.064 лица. Посочи дека во акционерските друштва со стопроцентна државна сопственост има 8.633 вработени, а преку агенциите за привремени вработувања уште 30 вработени.

Според него, за разлика од бројките заклучно со декември 2016 има намалување на бројот на вработени во јавниот сектор за 951 и по повеќе децении се забележани надолни трендови во вкупниот број на вработени во јавниот сектор.

Посочи дека причина за оваа помала бројка е природниот одлив, или преку пензионирање или преку одлив во приватен сектор, и оти вработувањата се вршат врз основа на потребите на институциите, а не преку партиските потреби.

Инаку, во 15 од институциите нема ниту еден вработен, а дополнителните анализи и реформи ќе ја покажат оправданоста на постоењето на институциите, како и дали, кои и колку ќе се укинат, спојат во една…

Најмногу вработени има во секторите образование и здравство.

Во поглед на половата застапеност во јавниот сектор 54 проценти се жени, а 46 отсто се мажи.

Според етничката припадност Македонци има 82.375 или 75,36 проценти, Албанци 21.112 или 19,31 отсто, Турци 2.012 односно 1,84, Роми 1.245 или 1,14, Срби 994 односно 0,91, Бошњаци 429 или 0,39 отсто, Власи – 408 или 0,37 проценти.

Во поглед на образованието во јавниот сектор има 42,45 проценти вработени со високо образование, додека со средно се вработени 34,81 процент.

Просечната возраст во јавниот сектор изнесува 45,85 години, односно најмногу вработени има меѓу 46 и 55 години, односно 32,81 отсто.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он